X
 02.04.2021 Технологија

Научниците создадоа „живи“ роботи од клетки на жаби

Научниците создадоа нови „живи“ роботи што имаат меморија и може сами да се склопуваат. Таканаречените „ксеноботови“ се напредна верзија на биолошки машини што првпат биле претставени минатата година.

Станува збор за уреди направени од клетки на жаби, создадени од страна на научници од универзитетот „Тафтс“ и Универзитетот на Вермонт. Овие мали машини може да прават повеќе работи, а и самостојно се движат. Новата верзија од роботите е надградена, па може да се склопуваат во едно тело од единечни клетки, не им требаат мускулни клетки за да се движат и имаат меморија во која снимаат сè што им се случува.

Новите роботи се и побрзи и поспособни од претходните и траат подолго. Тие може да функционираат и во група и да се поправаат.


Истражувачите велат дека роботите може дополнително да се надградат за да бидат искористени во подобрувањето на околината или здравството. Освен тоа, тие може да им помогнат на научниците да разберат како се спојуваат клетките за да формираат цели системи. Истражувачите објаснуваат дека процесот на создавање на роботите е сличен како создавањето други роботи, но во овие машини се користи и биолошко ткиво.

- На еден начин, ксеноботовите се градат како и традиционалниот робот. Само што користиме клетки и ткиво наместо вештачки компоненти за да ја изградиме формата и да поттикнеме предвидливо однесување - изјавил Дај Блекистон, еден од истражувачите.

Засега ксеноботовите вршат едноставни задачи, но целта е да бидат корисни, на пример, за чистење на океанот или почвата.

Автор: Ендру Грифин
Извор: independent.co.uk
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија