X
 26.09.2017 Култура

Неколку работи што ги одбележаа германските избори

merkel
Фото: Profimedia

Новинарите од најважните светски медиуми веќе почнаа да ги анализираат резултатите од изборите во Германија. Меркел го освои четвртиот мандат - која ќе биде цената, зошто наредната година нема да биде лесна и уште неколку работи што ги одбележаа германските избори.

1. Победа без насмевка


Пред четири години, кога се славеше во седиштето на Централната-демократска унија, политичарите спонтано почнаа да пеат караоке по објавувањето на резултатите. Во неделата, во седиштето имаше сосема различна слика. Иако беше јасно дека овие резултати нема да бидат исти како тие од 2013 година, малку луѓе очекуваа дека заедничките изборни резултати на Меркел и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ ќе доживеат толку сериозен пад.

2. Почна самракот на Меркел


Лидерот на социјалдемократите, Мартин Шулц, изјави дека Меркел е најголем губитник. Иронично е тоа што токму овие зборови доаѓаат од кандидат кој ги има најлошите резултати за неговата партија, но во неговата процена има вистина. Наместо да отвори тешки теми, како што е односот кон мигрантите, Меркел водеше досадна, „feel-good“ кампања ветувајќи „Германија во која се живее добро и среќно“, не нудејќи конкретни објаснувања како ќе стигне до оваа цел.

Гласачите не ѝ простија за политиката кон мигрантите и покрај ниската стапка на невработеност и силната економија. Партнерите од Христијанско-социјалната унија веќе започнаа со коментарите „ти рековме“. Меркел ќе се соочи со прашањата за тоа кој е виновен за лошиот резултат. Иако оваа недела беше тешка за Меркел, треба да се запомни дека успеа да изменаџира милион бегалци. Кој политичар во Европа би го преживеал тоа?

3. Алтернатива за Германија - посилна отколку што се очекуваше

Алтернатива за Германија, екстремно десничарска партија, имаше резултати посилни од кое било предвидување. Таа освои 90 места во парламентот, заврши со 21 отсто од гласовите, на второ место во источна Германија. ТВ-анкетите покажаа дека милион гласа им украле на конзервативците, половина милион на Социјалдемократската партија и 430.000 на левицата. Но сите оние што прават историска споредба со темната страна на Германија треба да признаат дека Германија има стабилна демократија.

Најголем број Германци не гласале за Алтернатива, а оние што гласале го направиле тоа во знак на протест. Годините што следуваат нема да бидат убави, но темелите на демократијата во Германија се робусни, па не може лесно да се разнишаат со едно популистичко движење. Силните резултати на Алтернатива за Германија се загрижувачки и се знак за политичка фрагментација.

4. Тешки преговори за коалиција

Стратешката цел на канцеларката е постигната, но конзервативците изгубија десетина места во Бундестагот. Цената ќе биде висока бидејќи Ангела Меркел тешко ќе се согласи за коалиција која ќе биде стабилна во наредните неколку години. Социјалдемократите одлучија да се повлечат во опозиција и да не влезат во коалиција со Меркел. Идеолошките несогласувања помеѓу „зелените“, ФДП, ЦСУ и ЦДУ ќе бидат предизвик: од политиката кон емигрантите до екологијата и еврото, постојат многу разлики за кои треба да се дискутира.

5. Германскиот политички модел на консензус е разнишан

Новиот парламент ќе има седум партии (или осум, ако ја сметаме ЦСУ) што ќе претставуваат многу повеќе различни политички тела од претходниот состав. Екстремната десница во Бундестагот ќе ја направи германската политика погласна со многу погрди зборови. Лидерот на Алтернатива за Германија, Јорг Меутен, веќе даде до знаење дека конфронтацијата и провокацијата ќе бидат важни стратегии за партијата.

6. Реформа на еврозоната? Заборавете ја на некое време

Конзервативците, според препораките на реформите на францускиот претседател Емануел Макрон, беа скептични и претходно, но сега кога нема голема коалиција, ослабената Меркел нема да ја освои германската либерална Слободна демократска партија (ФДП) и скептиците во сопствената партија. Иако канцеларката и „зелените“ се отворени кон предлогот на Макрон, шефот на ФДП, Кристиан Линднер, изјави дека би ја отстранил реформата за еврозоната, но идејата за буџетот што ќе се користи за да се испратат пари во Италија и во Франција за нив е неприфатлива црвена линија.

7. Берлин сега ќе игра погрубо кон европската политика за емигрантите


И досега Германците покажа дека ја изгубија трпеливоста со европскиот недостиг на солидарност на бегалскиот фронт. Веројатно ќе дојде до пожешки конфронтации со земји како Унгарија и Полска. Демохристијаните веруваат дека Алтернатива за Германија не би зајакнала доколку другите европски земји би го презеле својот дел од товарот со бегалската криза. Сега е време за наплаќање на долговите.

Автор: Силвана Менѓушиќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура