X
 15.10.2017 Наука

Неверојатно видео во кое прикажан е свежо отстранет човечки мозок

Човековиот мозок е неверојатно комплексен орган, кој ги содржи сите наши сеќавања и мисли. Во продолжение ќе погледнете видео кое било објавено на „Јутјуб“ од страна на невролошкиот институт на универзитетот во Јута, а има за цел да им помогне на студентите кои немаат пристап до човеков мозок за вршење аутопсија, а учат само на модели и слики.

фото извор: University of Utah Neuroscience Initiative/YouTube

Мозокот е многу поранлив и мек отколку што ние замислуваме. Во 1.4 килограми човеков мозок, всушност се наоѓа цел комплет од животни искуства, на битие кое некогаш постоело. Преку видеото може да се види како изгледа нормален човеков мозок од неодамна починат пациент, кој бил болен од канцер, па смртта настапила заради компликации при трансплантација на клетки.

Нашите мозоци се вообичаено заштитени од одредени мембрани, а се наоѓаат во церебро-спинална течност, а од околу се наоѓа цврстата обвивка од черепот. Преку видеото, всушност е прикажува колку е ранлив човековиот мозок, па затоа експертите се обидуваат да потенцираат колку е важно да се носат заштитни кациги, појаси во автомобилите и едноставно да се води грижа за ова скапоцено ткиво.

Дури и кога мозокот е зачуван во решение за фиксација, не може да биде оставен да стои на дното од резервоарот бидејќи тоа ќе му ја наруши формата. Исто така, во видеото може да се види кога парче материјал ќе се постави во двете хемисфери. Се објаснува самата анатомија, начинот на кој виталните нервни импулси патуваат и слично.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука