X
 06.11.2017 Култура

Највозбудливи ТВ-серии што вреди да ги следите


Сцена од тв-серија
(Фото: Youtube/Printscreen)


Ноќите стануваат сè подолги, па затоа и сè повеќе време поминуваме дома. Ова е идеален период да проследиме некои од највозбудливите и актуелни телевизиски серии.

Овие четири серии ќе ви приредат уживање, но и ќе ве поттикнат на размислување:

Stranger Things (2016 –)

Приказната се заснова на научна фантастика, но истовремено го означува и големото враќање на Винона Рајдер на екраните. Серијата на „Нетфликс“ во двете сезони навистина ја заслужува и оправдува вонредно високата оцена и популарност, за која сметаат дека се должи да актерската екипа – која всушност е составена од деца. Серијата следи група деца во мало гратче од Индијана кои почнуваат да ги истражуваат сомнителните владини експерименти и натприродна моќ.

Fargo (2014 –)

Серијата „Фарго“, која е инспирирана од истоимениот филм на браќата Коен од 1996 година, ќе ве натера истовремено да се смеете наглас додека ги покривате очите да не ги гледате страшните сцени. Според „Ролинг стоун“, се работи за една од најдобрите серии на сите времиња. Секоја сезона има нова актерска екипа која на серијата ѝ обезбедува нова свежина и магија. Авторот и сценаристот на серијата, Ноа Холи, постојано обезбедува остри, мудри дијалози и шокантни пресврти кои ги изненадуваат и најискусните.

Mindhunter ( 2017 –)

Моментално ова е серијата за која најмногу се зборува, особено затоа што ја потпишува генијалниот режисер Дејвид Финчер. Оваа крими-драма се заснова на бестселинг-мемоарите на поранешниот агент на ФБИ, Џон Даглас. Дејството се гради бавно, но темелно, а ликовите се развиваат слоевито како што тече приказната. Дејството се случува во 1977 година, а во фокусот се двајца агенти на ФБИ кои сакаат да ги доловат мотивите на убијците што веќе се осудени за делата. Нивните улоги се создадени според вистински криминалци. Некои дијалози се создадени според затворските интервјуа, кои навистина се случиле. За волја на вистината, не се препорачува серијата да се следи пред спиење.

Mr. Robot (2015 –)

Психолошкиот трилер (моментално се прикажува третата сезона) и натаму ја остава публиката да се прашува што е реално, а што не е. Брилијантниот Рами Малек го игра сајбер-генијот Елиот, кој се соочува со неколку морални дилеми кои се појавуваат во светот на хакерите. Серијата го става акцентот врз корпоративната Америка, политиката и светот во кој живееме. Некои ја нарекуваат оваа серија и ремек-дело. Вреди да се провери причината за тоа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура