X
 05.12.2017 Култура

Македонски краток филм на престижниот „Санденс“

Kратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски, влезе во официјалната селекција на краток филм на престижниот 34.Филмски Фестивал во Санденс. Фестивалот кој го раководи актерот Роберт Редфорд ќе се случи од 18 до 28 јануари 2018 година во Парк Сити Јута.
Во меѓународната компетиција, „Види ја ти неа“ ќе биде во селекција на 16 други филмови. Филмот ја освои наградата „Мала камера 300“ на последното издание на „Браќа Манаки“ во Битола.

Сара Климоска во главната улога на „Види ја ти неа“

Овој фестивал има за цел да ја поврзе публиката со уметниците во креирањето на нови идеи, откривањето на оргинални изрази и градењето на заедница посветена на независниот филм. „Види ја ти неа„ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.“

Главната улога ја толкува Сара Климоска, а играат: Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска и Милица Стојанова. Директор на фотографија е Наум Доксевски.

Горан Столевски е млад режисер роден во Македонија, кој дипомирал филмска и телевизиска режија на Викторијанскиот колеџ за уметности во Мелбурн. Живее и работи на релација Австралија-Велика Британија. Досега има реализирано повеќе од дваесет кратки филмови, прикажани и наградувани на повеќе интернационални фестивали.


Неговиот кратмометражен филм „Tи заслужуваш“ беше прикажан на 64. Интернационален филмски фестивал во Мелбурн, Австралија, каде ја доби Наградата за најдобар режисер, „Слика на добра жена" влезе во потесна селекција на Канскиот филмски фестивал во 2008-ма.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура