X
 05.12.2017 Образование

Оваа задача го дигна цело училиште на нозе, викнале и полиција!

Заради домашната задача на еден ученик од четврто одделение, морала да интервенира и полицијата. Цртежот што ученикот го донел во основното училиште „Порт Сент Џо“ во северозападна Флорида бил повеќе од загрижувачки. Имено, момчето на својата учителка ѝ го предал цртежот каде било нацртано пукање, мртви ученици, училиште во пламен, а сето тоа било пропратено со „звуци“ од пиштоли и пискотници.



Заради вознемирувачкот цртеж, училишното раководство веднаш повикало полиција, која набрзо го открила авторот на цртежот. Станува збор за 33-годишниот Роберт Пол Александер Едвардс од Мексико Бич на Флорида, пишува „Њујорк тајмс“.

Не е објавено во какво сродство е тој со ученикот кој го донел цртежот во училиштето, но полицијата го уапсила заради пишување и скицирање на закани со убиство и физичко насилство.

Од канцеларијата на шерифот соопштиле дека не веруваат дека Едвардс планирал да изврши напад во училиштето и дека немаат информација дали имал некаков мотив за да го направи тоа.

„Нашата држава премногу пати била погодена со страшни трагедии во училиштата. Заради тоа, ваквите работи ги сфаќаме многу сериозно“ –истакнал шерифот Мајк Харисон.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование