X
 10.12.2017 Култура

Ретки изданија на книги кои вредат многу

Сите љубители на книги сигурно дка имаат преполни полици со различни наслови. Но, дали поседувате вредни книги, или ги поседувате, но не сте свесни за тоа? Ова се 10 книги кои треба да ги побарате на вашата полица кои вредат многу:

фото извор: Getty and screengrab DB Rare Books

1. „Хари Потер и каменот на мудроста“ – Џ.К. Ролинг (60.000 фунти)

Ако на почетокот на книгата има линија „10 9 8 7 6 5 4 3 2 1“, се работи за едно од првите 500 изданија. Исто така, има печатна грешка на страница 53. Ваква копија која била одлично сочувана била продадена на купувач во Далас, Тексас за 60.000 фунти.

2. „Хобит“ – Р.Р. Толкин (48.000 фунти)

Имало само 1.500 копии од првото издание објавено во Велика Британија. Иако е многу тешко да се пронајдат, повеќето од нив се дел од приватни колекции.

3. „Приказните за зајакот Питер“ – Беатрикс Потер (35.000 фунти)

Книга која се состои од 41 страница, а била испечатена лично од Беатрикс Потер во 1901 година, откако многу издавачи ја одбиле.

4. „Божиќна магија. Во проза...Приказна за духови за Божиќ – Чарлс Дикенс (22.500 фунти)

Првото издание содржело златни букви на почетната страна и оригинални илустрации од Џон Лич.

5. „Каде што се дивите работи“ – Морис Сендак (18.600 фунти)

Книга за деца, која ако го има потписот на Сендак, тогаш се работи за издание кое вреди илјадници фунти.

6. „Чарли и фабриката за чоколада“ – Роалд Дал (18.683 фунти)

Само 10.000 копии биле објавени во првото издание во 1964 година.

7. „Мистериозниот случај во Стајлс“ – Агата Кристи (13.035 фунти)

Класик на Агата Кристи кој онлајн се продава за 13.035 фунта.

8. „Вини Пу“ – А.А. Милн (8.831 фунти)

Книгата била објавена од 1926 година, па ако е потпишана од илустраторот, тогаш вреди околу 8.800 фунти.

9. „Северни светла“

И оваа книга ако е потпишана од авторот вреди илјадници фунти.

10. „Ветрот во врбите“ – Кенет Грахам (5.750 фунти)

Првото издание, со оригиналната зелена корица е навистина скапа книга.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура