X
 24.12.2017 Технологија

Интернетот мора да остане отворен и транспарентен

Интернетот е заедничко добро за човештвото кое може да предизвика промени во општеството.


Изградбата и одржувањето на отворен, транспарентен и инклузивен систем за управување на Интернетот, ќе помогне да се осигураат предностите за сите, стои во објавата на „Интернет говерненс“ форумот.

Што се однесува до неутралноста на Интернетот, барем во европски рамки, на форумот се истакнува дека токму неговата неутралност е главна вредност на Интернетот за Европската Унија и дека ќе се продолжи со имплементација за добробит на сите Интернет корисници.

За време на состанокот одржан во Женева, на форумот се истакнало дека и понатаму ќе продолжи борбата за граѓански права, не само во ЕУ, туку и ширум светот, како за приватноста и пристапот кон приватни податоци, така и за неутралниот Интернет.

Во моментов сме сведоци на зајакнување на целокупниот број сили кои би можеле да доведат до фрагментација и поларизација на Интернетот. Европската Унија се залага за заштита на отвореноста на Интернетот на светско ниво и ќе работи, во соработка со други заинтересирани страни, на осигурување на одржливоста на овој принцип.

Интернетот на иднината ќе биде инклузивен, транспарентен и кредибилен, стои во декларацијата која ја потпиша Европската комесарка Марија Габриел и членовите на Европскиот парламент.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија