X
 17.02.2022 Култура

Годинава и твитерџиите ќе изберат добитник на „Оскар“

Американската филмска академија одлучила да додаде нова категорија на доделувањето на филмските награди познати како „Оскари“. Новата категорија се нарекува Твитер Оскар.

Членовите на академијата нема да бидат единствените што ќе гласаат за омилените филмови на 94. доделување на филмските награди. Од 14 февруари корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ може да гласаат за своите омилени филмови од 2021 година, без разлика дали филмот бил номиниран за награда или не.

Гласањето се прави со користење на ознаката #OscarsFanFavourite на „Твитер“. Филмот кој ќе добие најмногу гласови на овој начин до 3 март ќе биде награден на доделувањето на 27 март.



Секој корисник на социјалната мрежа може да гласа до 20 пати дневно. Истовремено, тројца гласачи ќе бидат одбрани бесплатно да патуваат во Лос Анџелес и да присуствуваат на церемонијата заедно со пријател.

Дополнително, пет корисници ќе добијат годишна влезница за кино по свој избор, претплата за платформите за филмови и ексклузивни подароци од музејот на академијата.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура