X
 17.02.2023 Култура

Топ-филмови што ги очекуваме во 2023 година

Ако сте филмофил или ако сте одлучиле дека оваа година повеќе ќе се посветите на проучувањето на филмската уметност, во продолжение ви претставуваме топ-филмови кои не треба да ги пропуштите.

Oppenheimer



Ново остварување на познатиот режисер Кристофер Нолан ја раскажува приказната за создавањето на атомската бомба, која ја создал физичарот Џ. Роберт Опенхајмер како дел од познатиот американски проект „Менхетен“.

Филмот се фокусира на периодот на создавањето на атомската бомба, како и на каењето на Опенхајмер откако сфатил што всушност направил, велејќи: „Станав смрт, уништувач на световите.“ Брилијантниот Силијан Марфи го глуми Опенхајмер, а остатокот од актерската екипа го сочинуваат значајни имиња од светот на филмот.

„Babylon“



Одлична актерска екипа, златната доба на Холивуд, забави, разврат - што повеќе би можеле да посакате од филм? Главните улоги ги имаат Бред Пит, Маргот Роби, Диего Калви, Тоби Мегваер и други.

„Indiana Jones and the Dial of Destiny“



Кој е подготвен за уште едно продолжение на култната франшиза на Индијана Џонс? Индијана ни се враќа во класичен авантуристички манир и едвај чекаме да се препуштиме на носталгичната реминисценција на претходните делови што ги гледавме како деца.

„Women Talking“



Филмот раскажува за религиозна заедница во Боливија каде што жените постојано се дрогирани и силувани од страна на мажите од истата заедница. Откако ќе почнат да разговараат меѓу себе и ќе ја откријат страшната вистина за насилството што го доживеале, конечно решаваат да направат нешто за да се спасат.

„The Super Mario Bros. Movie“




Анимиран филм кој ќе ги пробуди спомените од нашето детство. Филм кој го следи добро познатиот јунак од видеоиграта од нашата младост.

„Guardians of the Galaxy Vol. 3“



Чуварите на галаксијата се враќаат посилни за да го спасат светот уште еднаш. Овој пат филмот е во режија на Џејмс Ган.

„The Little Mermaid“



Долгоочекуваната мала сирена со Хејли Бејли конечно ќе се појави во кината во 2023 година. Ако пораснавте гледајќи го овој цртан филм на „Дизни“, сигурни сме дека едвај чекате да видите како изгледа филмската верзија, без разлика на контроверзијата што се појави на интернет околу изборот на главната актерка.

„Barbie“



Уште еден филм кој со нетрпение го очекуваме и за кој веќе се зборува на социјалните мрежи, „Барби“ во режија на Грета Гервиг, чиј филм „Малите жени“ освои „Оскар“. Прекрасната Маргот Роби ја глуми Барби.

„Dune: Part Two“




Обожавателите на научната фантастика со нетрпение го очекуваат продолжението на „Дина“, базирано на литературната франшиза „Дина“ напишана од американскиот автор Френк Херберт. Првиот дел во режија на Денис Вилнев доживеа голема популарност, по претходно неуспешните адаптации на други режисери, а вториот дел веќе ветува. Младите актерски надежи Тимоти Шаламе и Зендаја се враќаат во главните улоги.

„Broker“



И, конечно, нов филм на режисерот Хироказу Кореда. Овој филм следи човек кој се обидува да продаде бебе оставено пред црква на семејство кое сака дете - но сè, како и во животот, станува комплицирано. Нежен, необичен и емотивен, овој филм открива што значи да го изберете вашето семејство.

Извор: Lolamagazin.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура