X
 17.05.2025 Технологија

Новиот блутут ќе ја штеди батеријата на вашиот телефон и ќе ја заштити вашата приватност

Вашиот следен паметен телефон би можел да дојде со нова блутут-функција што ја зголемува приватноста и го продолжува траењето на батеријата - двојна победа за сите корисници што ги користат најдобрите мобилни телефони денес. Иако сè уште нема точен датум на пристигнување, постои можност да го видиме блутут 6.1 уште оваа година.

Клучна иновација во рамките на претстојниот блутут 6.1 протокол е функцијата наречена рандомизирани РПА ажурирања. РПА е кратенка за решлива приватна адреса, а ова има директно влијание врз вашата дигитална безбедност и анонимност.

Имено, во протоколот блутут 6.0 уредите ги менуваат своите идентификациски адреси во однапред одредени временски интервали. Тој предвидлив модел ги олеснува следењата на уредите. Но, со функцијата за рандомизирани РПА ажурирања на блутут 6.1 овие промени на адресите ќе се случуваат случајно - на секои 8 до 15 минути, со можност за приспособување од секоја секунда до секој час. Ова го отежнува следењето на уредот и можната злоупотреба.


Оваа функција има позитивно влијание и врз траењето на батеријата бидејќи процесот на промена на адресата сега се одвива на блутут-чипот на уредот наместо на процесорот. Помалото оптоварување на процесорот резултира со поголема енергетска ефикасност и побавно празнење на батеријата - совршено за корисници што сакаат повеќе од својот уред.


Извор: bajtbox.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија