X
 17.08.2015 Живот

Најголемите грешки што ги прават луѓето кои бараат работа

Грешките кои многу луѓе често ги прават кога се невработени и бараат работа, дополнително го отежнуваат пронаоѓањето на ново работно место.

Депресија после губењето на работа

Не е лесно кога човек ќе остане без работа, меѓутоа дефинитивно нема причина за очајување. Не сте први ниту последни на кои им се случило вакво нешто. Барањето на нова работа треба да го сфатите како нова можност и секако да ги избегнете негативните ставови како на пример дека сте престари за вработување и дека сите други имаат поголеми шанси од вас.

Пасивност во пронаоѓањето работа

На јавување на огласите за работа не треба да потрошите повеќе од четвртина од времето. Останатото време искористете го за подобро поврзување со луѓето кои веќе ги знаете и за создавање на можност да запознаете нови луѓе особено оние кои работат во вашето поле. Во разговор со сите кажете им дека барате работа и накратко кажете им каде сте работеле досега. Ќе се зачудите колку луѓе на таков начин пронашле работа.

Прифаќање на било каква работа


Не е добро да ја прифатите првата работа која ви се нуди ако однапред знаете дека тоа не е работното место на кое се гледате на подолг рок. На ваквото работно место ќе ви биде лошо, со текот на времето ќе го замразите и голема е можноста повторно да добиете отказ.

Одење на интервју за работа без претходна подготовка


Никогаш не одете на разговор за работа неподгтовени. Денес секоја компанија има своја веб страна, па добро би било да ја отворите и да ја проучите. Побарајте ги и сите вести поврзани со оваа компанија во изминатата година. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот