X
 17.08.2023 Живот

Ако нешто не е по негово, ја фаќа влезната врата и излегува надвор, постојано е лут и нѐ мава. Исплашени сме од неговите реакции

Загрижена сум за син ми, кој има 3 години и 4 месеци. Постојано се лути за нешто, ако не е по негово, веднаш ја фаќа влезната врата и излегува надвор да бега. Кога си доаѓаме од некаде дома, пред врата прави сцени дека не сака да влезе, дека дома не му е убаво, дека сака да оди кај баба му и сето тоа со врескање и мава по нас, возрасните. Може да се случи истата реченица да ја повторува континуирано 10 минути. Пример: Не сакам да бидам дома, не ми е убаво дома. Истото го прави и секое сабајле за одење во градинка, плаче дека не сака да оди во градинка и дека не му е убаво таму. Одбива да го облечеме и нѐ мава, а на воспитувачката ѝ вели дека не сака да е кај неа и не му е убаво таму. По 10 минути се смирувал и бил добар, но не си играл со другите деца. Кога нема такви испади, тој е супер дете, зборува многу, паметен е, си игра со неговите братучеди, кои се 4 години постари од него иако знае да им се налути ако не е по негово. Веќе две години објаснуваме, поставуваме граници и со смирено колку можеме му укажуваме, но некогаш и ние не знаеме како да постапиме со него, некогаш сме исплашени од неговите реакции, некогаш сме многу нервозни, па се случува и да му викаме. Молам за помош.

Одговорот од психолог прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот