X
 17.08.2025 Живот

За најдобриот студент на ФМУ, интервју со деканот на ФИНКИ, за трошоците на олимпијците... Што пишувавме неделава

Натпреварувачите на научните олимпијади донесоа медали, а добија малку пари: МОН најави целосна исплата на трошоците за учество

Научните здруженија што ги подготвуваа талентираните ученици за светските олимпијади летово добија решенија од Министерството за образование и наука за прва финансиска помош, но одобрените средства не ги покриваат целосно нивните патни трошоци, кои се прилично високи.

Мими Дучева, најдобар студент на Факултетот за музичка уметност: „Во музиката нема испитни сесии, испитот е секој ден кога треба да седнеш да вежбаш“

Мими Дучева е прогласена за најдобар студент на Факултетот за музичка уметност годинава. Просекот ѝ е 9,90, но вели дека никогаш не бркала оценки. Оваа награда за неа претставува чест, но и одговорност да ја оправда.

Инженерите на иднината: Квалитетно образование, современи услови и силно партнерство со индустријата - Интервју со деканот на ФИНКИ, д-р Боро Јакимовски

Во пресрет на новата учебна година и претстојните уписи, деканот на ФИНКИ, д-р Боро Јакимовски во интервју за „Факултети.мк“, открива што очекува од претстојните уписи, што нуди факултетот и како ФИНКИ одговори на предизвикот со вештачката интелигенција, сфера во која стана лидер во високото образование.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот