X
 17.09.2021 Здравје

Недостигот на самодоверба е придружник на развојот на болести и сигурна карта за депресија

Имајте на ум дека никој не може да ви всади чувство на помала вредност без ваша согласност, пишува Бертолт Брехт.

Недостигот на самодоверба и доверба во сопствената сила често се придружници на многу болести и може да доведат до појава на депресија, анксиозност и некои погрешни механизми на одбрана, тврдат психолозите. Добрата вест е што самодовербата се гради, некои лица што ви се чинат сигурни во своите способности сигурно не се родиле такви.

Битно е да се има на ум дека никој не може да ви всади чувство на помала вредност без ваша согласност, пишува Бертолт Брехт.

Самодовербата се гради

Психотерапевтот и консултант за ментално здравје Зои Астон смета дека не се зборува доволно за влијанието на сето она што нѐ опкружува врз нашата самодоверба.

- За време на пандемијата на ковид-19, разговаравме за загубите, неизвесностите и чувството дека немаме контрола. Самодовербата на луѓето беше доведена во прашање без предупредување, изненадно, минатиот март - вели таа.

Неможноста за директен контакт со пријателите и недостигот на социјализација принудија многумина да се загледаат во себе и да почнат да ги преиспитуваат своите можности. Многумина првпат почнале, како што тврдат психолозите, сериозно да се соочуваат со болеста. Сепак, психотерапевтите нагласуваат дека самодовербата се гради.

- Сите имаме психолошки слаби точки, како што имаме и физички слаби точки, некој има послаби нозе, некој висок притисок, некој е анемичен. Важно е само да ги уочиме и навреме да ги лекуваме - вели таа.

И кога плаќаме сметка се грижиме за себе

Како што вежбаме и го зајакнуваме телото, мораме да ги вежбаме и мозокот и свеста за нашите постапки.

- Кога се храниме здраво, рано си легнуваме, ги плаќаме сметките, ние сме одговорни. Сите оние мали секојдневни ситници на кои не посветуваме доволни внимание ни говорат да се грижиме за себе - вели Ештон.

Смирените и стабилните мисли се клуч на успехот

Психолозите посочуваат на тоа дека е важно да преземеме одговорност бидејќи и на тој начин ја зајакнуваме самодовербата. Работете на градење на смиреноста, важно е да имате стабилни мисли, настојувајте да размислувате на позитивен и мотивирачки начин, советуваат експертите.

Зои порачува да запишете три мисли кои ве смируваат и три мисли кои за вас се позитивни и мотивирачки.

Психолозите велат дека сѐ е поврзано, па некогаш мораме да имаме смирен и сконцентриран ум за да се чувствуваме добро. И обратно, ако се чувствуваме добро, ќе имаме посмирени и сосредоточени мисли, ќе можеме полесно и побрзо да се организираме за да решиме некој проблем кој некогаш ни изгледа нерешлив.

Недостигот на самодоверба не значи и недостиг на способност

Секој успех, но и настојувањето да се успее ќе доведе до поцврста верба во сопствените потенцијали.

Важно е да имате на ум дека недостигот на самодоверба не значи и недостиг на способност. Имајте на ум дека недостигот на самодоверба некогаш е последица на нереалните очекувања и желба по секоја цена да ги исполниме очекувањата на другите, а притоа сосема ги занемаруваме нашите потреби.

Извор: eklinika.rs
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје