X
 17.12.2020 Забава

Новите зазулчиња пристигнаа во „Светот на Биби“!

Во новогодишната сказна и најновата песничка се запознавме со новите ликови во „Светот на Биби“ – новите зазулчиња. Овие мали палави жители на планетата Заз успешно се протнаа во вселенскиот брод на Дедо Мраз од Заз и така дојдоа во домот на Биби. Тие имаат волшебна моќ. Зик - смешкото, Зуф - спанкото и загрижениот Зули ќе го спасат денот во најновата сказна.

Ние ги обожаваме, а веруваме дека и децата ќе ги сакаат! Заедно со Зази и Зина тие се главните изведувачи на новогодишната песничка „Џингл белс“ на зазулски. Песничката премиерно ја објавивме на платформата edukacija.svetotnabibi.mk, а таму може да ја најдете и најновата сказна! Запознајте ги палавите Зик, Зуф и Зули и заиграјте на „Новогодишната зазулска песничка“.



За сите дечиња, достапни се новите зазулчиња-кукли. Може да ги најдете во нашата онлајн-продавница svetotnabibi.mk, како и на сите продажни места на „Светот на Биби“. Зазулчињата се и едни од главните ликови во новата друштвена игра, која е дел од новогодишното пакетче.
Многу содржини и производи за крајот на 2020 направени „Со љубов од Светот на Биби“.

Ајде заедно да ја почнеме новата година со игра, песна и многу детски насмевки!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава