X
 17.12.2023 Забава

Луѓето мислат дека Кристофер Нолан добил инспирација за „Интерстелар“ од серијата „Пријатели“

Луѓето на интернет веруваат дека режисерот на „Опенхајмер“, „Темниот витез“ и „Почеток“ ја добил инспирацијата од серијата „Пријатели“.

Некои обожаватели сметаат дека легендарниот режисер можеби добил инспирација за неговиот филм од 2014 година „Интерстелар“ откако гледал епизода од „Пријатели“.

Синопсисот за филмот на Нолан со Метју Меконахи, Мет Дејмон, Ен Хатавеј и Тимоти Шаламе во главните улоги гласи:

- Кога Земјата во иднина ќе стане непогодна за живеење, фармерот и поранешен пилот на НАСА, Џозеф Купер, има задача да управува со вселенско летало и тим истражувачи за да се обидат да најдат нова планета за луѓето.

Епизода во која Џои глуми дека оди во вселената во претстава

Некои редит-корисници сега пишуваат дека Нолан ја добил идејата за филмот од Џои Трибијани. Во епизодата „Онаа со врескачот“, Џои глуми во претстава во која неговиот лик оди во вселената и не се враќа долго време.

- Токму таа мисла ми помина низ глава кога ја гледав епизодата. Оттаму ја добил идејата - е еден од коментарите.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава