X
 29.04.2025 Забава

Запознајте ги африканските баби фудбалерки кои им пркосат на годините

Можеби не се вешти како Лионел Меси или Кристијано Роналдо, но тоа не ги спречува овие африкански баби да вежбаат шутирање голови и дриблање.

57-годишната Ребека Нтсанвиси од Јужна Африка основала тимови од баби фудбалерки низ целиот континент со цел да ги подобри менталното и физичкото здравје на постарите жени.

Сега, пет тима од Африка учествуваат на Светското првенство за баби фудбалерки во провинцијата Лимпопо, каде што најстарата фудбалерка има повеќе од 80 години.



Извор: BBC
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава