X
 02.09.2019 Живот

Овие фотографии ќе побудат носталгија кај сите што биле ученици во поранешна Југославија

Денеска почнува новата учебна година, а учениците и нивните родители изминатите денови се подготвуваа за неа купувајќи школски прибор, книги, тетратки...

Секој почеток на учебната година буди најубави спомени на школските денови, мирисот на нови тетратки и слаткото исчекување на првиот училиштен ден.

Порано немаше „Фејсбук“ и „Инстаграм“, па првиот училиштен ден беше момент што децата едвај го чекаа затоа што со месеци не се виделе и не разговарале со повеќето соученици, а подоцна, во текот на часот, мораа да напишат состав на темата „Како го поминав летниот распуст“.

За да се потсетите како некогаш сте се подготвувале и што сте купувале, во продолжение ви нудиме фотографии од школскиот прибор што сте го купувале во времето на поранешна Југославија.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот