X
 06.01.2018 Технологија

Проверете кои информации ги споделувате преку „Фејсбук“

Постојаното ажурирање на вашиот фејсбук-профил изгледа како најлесниот начин за вашите пријатели и семејството да ги дознаат вашите активности, но дали споделуваме премногу?


Нова алатка открива точно колку информации прикажуваме за себе. Се работи за алатка која им помага на луѓето да разберат колку многу информации „Фејсбук“ може да сподели за нив, кога избираат да се приклучат на одредени веб-страници и онлајн-продавници, користејќи го токму „Фејсбук“. Доколку кликнете на овој линк и изберете опција да се приклучите преку „Фејсбук“, може да се види кои брендови и компании, па и потенцијални измамници, можат да откријат податоци со само неколку кликнувања.

Ако сте притиснале „логирање преку Фејсбук“, со тоа вие му дозволувате на „Фејсбук“ да споделува чувствителни податоци со веб-страницата што ја посетувате. Тука се вбројува, на пример, вашата е-адреса, адресата, работното место, детали за вашата врска, места каде што сте биле и кои се вашите пријатели.
Најдобриот начин да се остане заштитен онлајн е да се споделува само она што би биле задоволни ако целиот свет го види.

Кои информации „Фејсбук“ може да ги споделува за вас?

-    Вашиот јавен профил (име, возраст, пол, локација, фотографија, временска зона)
-    Сите нешта на кои сте ставиле лајк
-    Вашите пријатели
-    Вашата е-пошта
-    Вашите фотографи
-    Вашиот оддел „за мене“
-    Сите ваши објави
-    Вашиот роденден
-    Детали за врската
-    Вашето образование
-    Религиски и политички гледишта
-    Настани на кои сте биле
-    Работни места
-    Од каде потекнувате
-    Вашиот телефонски број
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија