X
 25.11.2017 Технологија

Откријте како ги споделувате вашите податоци без да знаете

Велат дека податоците се нова нафта. Интернет компаниите што се занимаваат со собирање и обработка на податоци, им даваат огромна моќ во онлајн заедницата.

Уредите сè повеќе ги следат нашите активности, и ни го следат секој наш чекор на работното место, додека спортуваме, па дури и кога сме во спалната соба. Количината на податоци е уште во поголем пораст кога ќе се зголеми бројот на поврзани уреди што се потпират на технологија за машинско учење и вештачка интелигенција.

За технолошките компании податоците се клучни за да ни обезбедат релевантно искуство, но исто така и да ги подобрат производите и услугите. Но податоците што им ги давате или кои тие ги бараат од вас се мал дел од вкупната количина на податоци што се на располагање и кои секојдневно внимателно се собираат. Ова често се случува без ваше знаење и без ваша дозвола.

Ова се неколку од начините на кои ги споделувате вашите податоци, ане знаете.

Кога лајкнувате на „Фејсбук“


Секој пат кога ќе кликнете на копчето за лајк или споделувате содржина од различни извори на вашиот ѕид, вие откривате огромно количество на информации за себе. Дури и ако внимателно ги поставите вашите поставки за приватност.

Истражување спроведено од Универзитетот во Кембриџ покажа дека пристапот до дигитални записи како лајковите на „Фејсбук“ може да послужат за предвидување на неколку карактеристики како социјална ориентација, верски или политички ставови, користење супстанции што создаваат зависност, години, пол...

Колку повеќе лајкнувате, толку прецизноста за предвидување се зголемува. Штом соберат доволно податоци, огласувачите и другите заинтересирани страни можат да ви направат прилично добар психолошки профил.

Кога станува збор за јавно достапни податоци, малку можете да направите за да се заштитите. Затоа внимавајте што лајкнувате.

Кога ќе инсталирате апликација на вашиот паметен телефон

Без разлика дали ви се допаѓало или не, повеќе од 70 отсто од апликациите за паметни телефони ги испраќаат вашите приватни податоци на компаниите што се занимаваат со секаков вид на следење на интернет. Повеќето од нас им го дозволуваме тоа кога ќе инсталираме апликација за „Андроди“ или „Ајос“. Некои од овие дозволи се неопходни за нормално функционирање на апликацијата.

Но проблемот настанува околу тоа што програмерите можат да ги споделат овие податоци со другите. Понекогаш ни тие не знаат што сè апликацијата споделува бидејќи користат готови делови на софтверот во кои е вграден модул за собирање податоци.

Кога користите паметни уреди


Истражувањето од Советот за потрошувачи на Норвешка, покажа дека паметните часовници наменети за деца имаат значителен пропуст во безбедноста што овозможува не само следење туку и прислушување на децата.

Сличен скандал избувна и околу поврзаните камери што се користат за обезбедување на домот, како и некои играчки. На ваков ризик се изложени и други уреди, паметни телевизори, медицински апарати...

Кога ќе се поврзете со бесплатен безжичен интернет

Ништо на овој свет не е бесплатно, па така ни безжичниот интернет. Не е секогаш ваков случајот, но често се случува бесплатните безжични мрежи да собираат податоци од корисниците. А често се и мета на хакерите.

Кога ги поддржувате политичарите

Светот кој е управуван со податоци влијае врз многу аспекти на нашите животи, па така и политиката. Кај нас ова сè уште не е толку изразено, но во Америка од минатите претседателски избори на големо се зборува за рекламите направени врз основа на податоците собрани од интернет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија