X
 11.01.2018 Здравје

Покачената температура е нашата најголема вродена заштита

Температурата се спушта со лекови дури кога ќе прејде 38,5 Целзиусови степени, потсетуваат од германското медицинско списание „Апотекен Умшау“.


Степенот на треска не покажува секогаш сериозност на ситуацијата. Помалата болест може да предизвика висока температура, а понекогаш сериозната болест не мора да ја подигне телесната температура. Последица на благото покачување на телесната температура кај треската е забрзување на метаболизмот, што помага во борбата против инфекции и воспаленија.

Високата температура е состојба кога температурата се искачува над нормалната граница. Таа се разликува од поединец до поединец. На температура над 39 степени, микробите не можат да се размножуваат.

Способноста на организмот да развива високи температури укажува на силен организам и виталност. Кај високата температура се забрзуваат метаболичките процеси за 5 до 8 пати, се зголемува производството на интерферони, со што се спречува развојот на вируси, количината на железо во крвната плазма се намалува, а тоа е важно за спречување на растот на бактериите. Исто така, се зголемува движењето и дејствувањето на белите крвни зрнца, кои ги уништуваат микробите.

Кај температурата што не е поголема од 37,8 степени, лекарите не препорачуваат спуштање со лекови, бидејќи на тој начин болеста што ја предизвикува треската може да се продолжи. Треба да се истакне дека вирусите кои предизвикуваат настинки и други респираторни инфекции напредуваат на нормална телесна температура, со предизвикување на состојбата на малку зголемена температура, организмот може да сака да елиминира вирус.

Високата температура најчесто се намалува со лекови како парацетамол, бруфен, ибупрофен или слични аналгетици и антипиретици. Помага и ставањето млаки облоги, а препорачливо е и туширање со млака вода. Лекарска помош треба да се побара ако температурата достигне 40 степени и не се спушта без лекови 3 дена, а е проследена со силна исцрпеност.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје