X
 07.02.2018 Живот

Кои се дефицитарни професии во Австрија?

avsrija

Во Австрија, според одредени механизми, секоја година се составува листа со дефицитарни професии. Сојузниот министер за труд, во соработка со сојузниот министер за економија, ја состави листата со професии што ќе бидат барани оваа година на австрискиот пазар на труд.

Дефицитарни професии/заработка:

1. Градежен работник / 3.000 евра
2. Машински работник / 3.000 евра
3. Механички инженер со висока школа / 3.000 евра
4. Техничар со висока школа за енергетска технологија / 4.400 евра
5. Металостругар, механичар, техничар за обработка на метали / 3.000 евра
6. Специјалистички електроинженер / 3.000 евра
7. Програмери, компјутерски техничари, мрежни техничари, техничка поддршка, софтверски инженер / 3.000 евра
8. Земјоделски инженер, градежен инженер / 2500-2.800 евра
9. Дипломиран машински инженер / 2.800 евра
10. Дипломиран електротехничар / 3.000 евра
11. Техничар за прецизно дупчење / 2.000 евра
12. Дипломиран ИТ-инженер / 3.000 евра
13. Раководител на градилиште / 2.700 евра
14. Дипломиран градежен инженер / 3.500 евра
15. Заварувач / 1.500 евра
16. Инженер за инсталација / 3.500 евра
17. Електричар, електроинсталер / 2.500 евра
18. Градежен работник / 2.700 евра
19. Дипломиран инженер на електротехника / 3.500 евра
20. Монтери работници, сервисери / 2.500 евра
21. Бетонски конструктори, работници за поправка на бетон / 1.500 - 1.800 евра
22. Столари, градежни работници за монтажа / 1.600 евра
23. Лимари / 1.800 евра
24. Работници за подни и ѕидни површини / 2.700 евра
25. Автомеханичар / 2.000 - 2.500 евра
26. Техничар за инсталација, монтажа и услуги / 2.500 евра
27. Дипломирани медицински сестри / 1.600 евра

Сепак, треба да се има на ум дека занимавањето со одредени професии, да речеме професии од областа на медицината, не е возможно без нострификација на дипломата во Австрија. Дали дипломата за вашата професија мора да ја нострифицирате, лесно можете да проверите ТУКА.

Ако има разлика, се полага дополнителен испит. За нострификација на универзитетската диплома се поднесува барање на соодветниот австриски универзитет, односно високо стручно училиште или во централната служба за информирање на министерството за наука.

Најважно е познавањето на германскиот јазик. Познавањето на јазикот на ниво А1 или А2 за германски и Б1 и Б2 за англиски треба да се докаже со меѓународно признат сертификат.

Како до работна дозвола?


Првиот чекор е да поднесете барање за самостојно пронаоѓање работодавец што ќе ви одговара. Дури потоа можете да поднесете барање за издавање црвено-бело-црвена карта, без разлика дали тоа ќе го направите во Амбасадата на Австрија или во Австрија. Во Амбасадата или Конзулатот, барањето мора да го поднесете лично, додека во Австрија тоа може да го направи работодавецот. Доколку проверката на барањето е позитивно решена, барателот добива работна дозвола.

Црвено-белата-црвена картичка важи 12 месеци и дозволува привремен престој и вработување кај работодавецот што ве побарал. По една година може да се поднесе барање за слободен пристап на пазарот на трудот. Кога ќе се доселите со оваа дозвола, не мора да докажувате познавање на германскиот јазик.

Дали некој ќе добие црвено-бело-црвена дозвола, зависи од степенот на образование, работното искуство, познавањето на јазикот и возраста. Подетални информации можете да најдете ТУКА.

Имајте на ум дека можете да започнете да работите само откако официјално ќе добиете црвено-бело-црвена картичка, во спротивно постојат последици (на пример, забрана за влез во Австрија). Се разбира, ова важи и за прекршување на други прописи и закони.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот