X
 26.01.2019 Култура

Овие работи некогаш се сметале за безвредни. Денес се сметаат за ремек-дела

Денес е многу лесно да се каже дека „Кум“ е ремек-дело, а „Боемска рапсодија“ е можеби најдобрата песна на групата „Квин“. Но, во времето кога се појавиле, мислењата биле поделени. Всушност, многу луѓе го мразеле она што денес повеќето го обожаваат. Ова се само некои од примерите.

„Кум 2“

кум

Денес го сметаат за едно од најдобрите продолженија, но кога излегло не било универзално прифатено. „Њујорк тајмс“ во 1974 година објавил критика, нарекувајќи го филмот неоригинален и неповрзан, а на критичарите особено не им се допаднала нелинеарната нарација.

Дополнителни критики биле упатени и за дијалозите, за кои критичарите рекле дека се глупави и како извадени од цртан филм.

„Клубот на борачи“

ремек дело

Тешко е да се замисли момент во кој овој филм не бил прифатен, но постоеле голем број луѓе на кои не им се допаднал. Всушност, филмот потфрлил во кината. Критиките биле негативни, а комичарката Роузи О'Донел толку го мразела филмот, што во текот на гостувањето во емисиите го откривала крајот и така ги спречувала луѓето да одат и да го гледаат филмот.

Првиот албум на „Лед цепелин“

3

Во време кога музичката критика значела нешто, да се добие лоша критика во ценет магазин како што е „Ролинг стоун“ не бил мал удар за кариерата на младите музичари. Критичарот Џон Менделсон напишал дека песните на Џими Пејџ се слаби и неимагинативни.

„Вртоглавица“

4

Денес ценетиот филм на Алфред Хичкок во времето на излегување бил прифатен, но не успеал да заработи многу.

Магазинот „Сајт & саунд“, кој го издавал британскиот филмски институт, го нарекол дејствието тенко како лушпа на јајце, а на Хичкок му порачал да се повтори, но овој пат побавно.

Приказната има совршен крај бидејќи 53 години подоцна истиот магазин го прогласи филмот за најдобар на сите времиња.

„Предатор“

5

Денес ќе го пронајдете на секоја листа со најдобри научнофантастични филмови, но во времето на излегувањето критичарите масовно го нарекле неоригинален, предвидлив, досаден и пренасилен филм.

Ајфеловата кула

6

„Трагична улична светилка“, „Костур на ѕвонец“, „Висока и слаба пирамида направена од метални скали“ и „половина изграден фабрички оџак“ - ова се само некои од епитетите што критичарите ги кажале за Ајфеловата кула.

„Симпсонови“

7

Најдолговечната (анимирана) серија на телевизија за малку ќе била откажана и пред да почне со емитување. Откако ја погледнале пилот-епизодата, ни сценаристите ни првите луѓе на „Фокс“ не биле воодушевени. Не им се допаднало сценариото, а лошо мислење имале и за анимацијата. За цела среќа, втората епизода била далеку подобра.

„Пријатели“

8

Најдобрата и најомилена хумористична серија на сите времиња не била добро прифатена кога се појавила првпат. Всушност, сите критичари имале лошо мислење за неа. Повеќето критики биле насочени кон ликовите, кои само пијат кафе и зборуваат, а им пречела и огромната количина на поп културни референци.

Хит Леџер како Џокер

9

Луѓето ја мразеле одлуката Мајкл Китон да го глуми Бетмен, а не им се допаднал ни Кристијан Бејл - ова е нешто што постојано се случува кога станува збор за омилените стрип-јунаци.

Но, на публиката особено не ѝ се допаднала идејата Хит Леџер да го глуми Џокер.

„Хит Леџер? Навистина? Мислам, навистина?“; „Супер, ова ќе биде Џоукбек Маунтин“; „Леџер едноставно го нема она што е потребно за оваа улога“; „Хит Леџер е срамота. Човекот не знае да глуми“.

Ова се само некои од коментарите, а сите знаеме како заврши сето тоа.

„Игра на троновите“

10

Кога се појави серијата, некои критичари заклучија дека нема да потрае. Сметаа дека е детска приказна во која сценаристите нафрлиле содржина за возрасни.

„Брејкинг бед“

11

Ако ви треба доказ дека критичарите не треба да ги прашувате за мислење, не одете подалеку од култната серија „Брејкинг бед“. „Њујорк тајмс“ ја нарече серијата „развлечена“ и додаде дека е целосно непотребна и дека ѝ недостига „оригиналност и возбудување“.

„Сјаење“

12

Мислите дека „Златната малина“ е награда наменета само за лошите актери и режисери? Се лажете. Првите реакции на денес култниот хорор на легендарниот Стенли Кјубрик биле ужасни. Всушност, Кјубрик бил номиниран за „Златна малина“ за најлош режисер.

„Боемска рапсодија“

13

Иако сцената прикажана во филмот никогаш не се случила, на групата „Квин“ не ѝ бил потребен незадоволен директор на издавачка куќа да ѝ ги уништи соништата. Тоа го направиле незадоволните критичари.

Критичарите ја презирале песната кога се појавила.

Мислењето за брзо време се променило, а многу луѓе сметаат дека „Боемска рапсодија“ не само што е најдобра песна на „Квин“ туку е и најдобра песна во историјата на човештвото.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура