Минатиот декември апликацијата „Фејсбук Месинџер Кидс“ беше достапна за паметните телефони „ајфон“, но сега ќе имаат можност да ја користат и Андроид-корисниците.
фотоизвор: Facebook
Се работи за апликација која е иста како „Месинџерот“, но надополнета со опции за родителите преку кои тие можат да ја контролираат листата со контакти, процесот на регистрација кој е независен од социјалната мрежа и да ги надгледуваат разговорите. Постои и групен видеочат, како и низа на стикери, рамки и интерактивни маски.
Сепак, од компанијата „Фејсбук“ чекале до последен момент за да се консултираат со експерти во врска со технологијата развиена за деца, што резултирало со кампања која ја спровеле активисти што се против оваа аплликација за деца. По сè изгледа дека самата апликација вклучува доволно опции и контроли за родителите за да биде безбедно нејзино користење.
Бидејќи се работи за
апликација што ќе ја користат мали деца, разбирливи се реакциите и дебатите околу сигурноста и користењето на апликацијата воопшто.