X
 27.02.2018 Наука

„Земјата сѐ повеќе се оддалечува од Сонцето!“


Земјата и Сонцето од вселенска перспектива
(Фото: Thinkstock)


Сонцето старее, па како и повеќето луѓе во средни години, почнува да слабее, а како резултат на тоа веќе не ја привлекува Земјата како порано, пишува Metro.

Како што опаѓа масата на Сонцето поради отфрлањето на површинските слоеви, така се намалува и гравитациската сила со која ги привлекува планетите, па и Земјата меѓу нив.

Во новиот текст објавен во „Nature Communications“ научниците ја пресметале брзината со која Земјата се оддалечува од Сонцето, но, за среќа, таа е прилично мала.

Водичот на оваа студија, Антонио Џенова, изјавил дека орбитата на Земјата се поместува секоја година. Всушност, нашата планета е оддалечена 150 милиони километри од Сонцето, додал тој.

Џенова наведува дека Сонцето ја губи својата маса, расфрлајќи честички во форма на соларен ветер. Како резултат од тоа, орбитите на планетите се поместуваат.

Сонцето „умира“ заканувајќи се по пет милијарди години да се претвори во црвен џин кој „голта“ планети, но тогаш Земјата ќе биде на растојание од 241 милион километри од него!

„Колку што е подалеку планетата од Сонцето, толку побрзо ќе се оддалечува. Сатурн, кој е десетпати подалеку од Сонцето во споредба со Земјата, се поместува 14 сантиметри годишно“,  вели Џенова.

Тој и неговиот тим користеле податоци од сондата на НАСА за да го измерат влијанието на Сонцето врз Меркур.

„Меркур е одличен пример на планета за тестирање затоа што е многу чувствителна на гравитацијата и Сончевата активност“, истакнал водичот на студијата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука