X
 25.03.2018 Технологија

Како да ги средите поставките за приватноста на „Снепчет“?

1
Фото: David Murphy

„Снепчет“ го објави неговото најново ажурирање со кое ќе биде уште полесно за вашите пријатели да ве пронајдат на нивната „Снеп Мап“. Затоа, најдобро би било да ги прегледате вашите поставки за приватност и да ја отстраните „Снеп Мап“ функцијата, доколку не сте заинтересирани.

Мора да признаете, прилично морничаво е тоа што мапата ви овозможува да скенирате каде се вашите пријатели (или каде биле) врз основа на нивните последни „Снепчетови“ што ги испратиле.

За да одите во „Снеп Мап“, отворете ја апликацијата, меѓутоа не кликнувајте на ништо на мапата. Одете на иконата за поставки што се наоѓа во госниот десен агол. Во „Settings“ ќе можете да го приклучите „Ghost Mode“, што спречува да се појавите на мапата или барем да изберете кој може да ве гледа.

5
Фото: David Murphy

Додека апликацијата ви е отворена, најдобро е да ги прегледате останатите од вашите поставки за приватност. За да го направите тоа, излезете од „Снеп Мап“ со притискање на икончето со стрелка што се наоѓа во горниот лев агол. Потоа притиснете повторно на вашата „Битмоџи“ глава, за да влезете во профилот. Мавнете му на „Снепчет“ QR кодот. Притиснете на иконата во левиот десен агол на вашиот профил за да стигнете до почетното мени на поставки. Ова се опциите на кои треба да обрнете внимание:

Мобилен телефон

3
Фото: David Murphy


Изберете дали сакате пријателите да ве најдат доколку ви го знаат мобилниот телефон.

Верификација за логирање

2
Фото: David Murphy

Не постои причина зошто да не користите логирање со автентикација со два фактори за вашиот профил. Кога некој ќе се обиде да влезе на вашиот профил, тогаш ќе треба да го потврдите логирањето со внесување на бројот што сте го добиле од текстуална порака или апликација за автентичност од трета страна.

Дополнителни услуги

3
Фото: David Murphy

Ако не сакате да споделувате „локација или употреба“ со мапата на „Снепчет“, можете да ја исклучите оваа опција со притискање на „Maps“ делот. Тука можете да ги средите вашите опции за приватност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија