X
 05.04.2016 Култура

Дали може да претпоставите која била омилена професија на младите пред 40 години?

Поминале повеќе од 40 години откако читателите на тогаш популарното тинејџерско списание „Тина“ во поранешна Југославија гласале за најпопуларната професија. Што мислите, која професија добила најмногу гласови?

Списанието „Тина“ бил печатен во текот на 1970-те години во Загреб и бил еден од најпопуларните тинејџерски списанија во поранешна Југославија, пишува „24сата“. Во 1976 година, во времето кога немало интернет, четови или мејлови, читателите одговарале на прашањата пишувајќи писма.

Најмногу читатели одговориле дека професор е најинтересна професија. Инаку, на анкетата одговориле 8.504 испитаници.

На второто и третото место се наоѓаат археолог и новинар, соодветно, а по овие професии следува лекар, додека на 5-то место се наоѓа трговец.

Целосната листа од 10 најинтересни професии изгледа вака:

1. Професор
2. Археолог
3. Новинар
4. Лекар
5. Трговец
6. Кројач
7. Архитект
8. Стјуардеса
9. Туристички водич
10. Хемичар



Листата на омилени спортови, исто така, малку изненадува. Тинејџерите тогаш сакале кошарка, како и фудбал, ракомет, пливање и одбојка.

Конечно, омилените предмети на училиште веројатно многу би се разликувале доколку анкетата биде повторена денес. На првото место се наоѓа историјата, по што следуваат хемијата, биологијата, мајчиниот јазик и марксизмот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура