X
 05.04.2018 Образование

Запознајте ја Надја Буланже, највлијателниот наставник по Сократ

надја

Се смета дека Надја Буланже била највлијателниот учител по Сократ. Нејзини студенти биле Леонард Бернштајн, Арон Копланд, Квинси Џонс, Астор Пјацола, Филип Глас и многу други.

„Не е претерување кога ќе кажеме дека Буланже била најважниот музички педагог во модерната или во која било ера“, вели Клеменси Буртон-Хил за Би-би-си. Таа исто така била талентиран композитор, ментор и првата жена што водела големи симфонии во Европа и во Америка, како што се Њујоршката филхармонија и Бостонскиот симфониски оркестар.

Кога нејзините студенти првпат ќе дојделе кај неа на час, таа имала само едно прашање: „Дали можеш да живееш без музика?“ Ако одговорот бил да, тогаш таа реагирала: „Фала Богу, и збогум!“ Дури и во поодминати години нејзиниот жесток бескомпромисен пристап е очигледен, квалитет за кој Филип Глас се сеќава уште на неговата прва средба со неа на Ред Бул академијата.

Американските композитори се подложувале на жестоката дисциплина на Буланже и често ја посетувале во нејзиниот апартман во Париз, каде што често ги држела часовите. Таа била дефиниција за жестока, аристократска Французинка. Нејзиниот татко Ернест бил композитор, диригент и професор по пеење, а таа пораснала опкружена со музика. Нејзината сестра Лили починала на 24-годишна возраст. Таа била подобриот композитор.

Неколку години по трагичната смрт на Лили, Надја се фокусирала првенствено на својата настава, како ментор на талентираните ученици и на оние помалку талентираните. Не дискриминирала на ниту една основа, иако нејзините политички ставови ја правеле тежок човек. Таа била особено строга кон нејзините ученички и не верувала во демократија и во тоа дека жените треба да имаат право на глас.

Во историјата на музиката ќе остане запаметена како музички педагог со јасни ставови по прашањето на тоа кој може да се занимава со оваа благородна дејност.

„Твојата музика никогаш нема да биде ни повеќе ни помалку од она што си како човечко суштество“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование