X
 18.01.2019 Забава

Што се случува кога на тинејџери ќе им дадете фиксен телефон со вртење?

Двајца американски 17-годишни тинејџери добиваат предизвик да остварат повик на стар фиксен телефон со вртење. Дадени им се четири минути за да го направат тоа.

Со оглед на тоа дека станува збор за генерација која е навикната на телефони со екрани на допир, двајцата тинејџери имаат тешкотии во извршувањето на задачата.

На Џејк и Кајл им е потребна околу една минута да откријат дека треба да ротираат со прстот до крајот за да свртат еден број. По околу две и пол минути едниот од тинејџерите прашува дали треба да ја кренат слушалката, па да вртат.

И додека се чини дека тинејџерите ќе успеат, времето истекува.

Погледнете го видеото.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава