Рутината на Волт Дизни била далеку од статична. Не само што секојдневно се соочувал со секакви видови задачи, од прегледување филмски раскази до планирање на изградбата на Дизниленд, туку неговата улога драстично се менувала низ годините, од извршен директор на студио за анимација до моќна икона во Холивуд.
Сепак, Дизни имал неколку навики и стратегии што ги одржувал низ годините. Некои од овие практики дури и ја обликувале неговата работа.
Еве како изгледал неговиот дневен распоред.
- Понекогаш се будел во 5.30 часот наутро и играл голф.
- Појадокот секој ден бил ист: тост, јајца, џус и можеби колбас.
- Биографот Боб Томас напишал дека Дизни често доаѓал во канцеларијата во 8 часот наутро. Го започнувал денот со прегледување раскази или одржување конференции во неговата канцеларија.
- Некои од неговите најдобри награди ги чувал на масата зад бирото, вклучувајќи го и неговиот прв „Оскар“. Освоил вкупно 32 „Оскари“ помеѓу 1931 и 1968 година.
- Во текот на утрото Дизни шетал наоколу или одел да го провери „ВЕД Ентерпрајс“, истражувачки тим за забавен парк што е познат како „Волт Дизни имаџинеринг“. До пладне се враќал во канцеларијата.
- Пиел кафе пред ручекот и инсистирал кафето во Дизниленд да изнесува 10 центи.
- Ручекот обично бил чаша сок од домати. Според неговиот биограф Нил Габлер, Дизни сметал дека премногу храна може да го збуни човекот и не дозволувал вработените да имаат долги паузи за ручек.
- Но јадел грицки додека работел и бил познат по тоа што постојано со себе носел грицки и крекери.
- Како шеф, Дизни никогаш не претерувал со пофалби, но Томас напишал дека неговите вработени го сметале за „триумф“ ако Дизни пуштел солза за скрипта или сцена на која работеле.
- Без разлика на тоа дали бил на сцената или во студиото, Дизни се обидувал да ги запомни имињата на вработените, дури и кога студиото се зголемило. Честопати под фотографиите на вработените ги пишувал нивните имиња.
- Останатиот дел од попладнето на Дизни бил исполнет со средби до 17.00 часот. Потоа Дизни извршувал телефонски повици и потпишувал писма.
- Секретарот Томи Вилк го подготвувал пијалокот на Дизни, „скоч мист“, на крајот од работниот ден. Во пијалакот имало многу мраз.
- Поради повреда со која се здобил додека играл поло во 1938 година, Дизни имал третман со масажи од неговата лична медицинска сестра Хејзел Џорџ. За вечера си одел дома и вечерал со својата сопруга Лилијан и двете ќерки.
- Неговото омилено јадење било чили и грав, но кога станува збор за вечерата, тој бил едноставен - сакал пилешки џигер и макарони со сирење.
- Понекогаш се задржувал во канцеларијата и не одел дома за вечера. Понекогаш останувал во канцеларијата преку ноќта.
- Неговата огромна канцеларија на третиот кат од студиото „Бурбанк“ вклучувала и место каде што можел да спие.
- Понекогаш си легнувал на полноќ.
- Кога не работел, имал неколку хобија. Го сакал полото, сакал уметничко лизгање и танцување. Многу од активностите настанале поради тоа што доживеал нервен слом во 1931 година, предизвикан од прекумерна работа и анксиозност.
- Габлер напишал дека седиштето на Дизни имало многу згради, вклучувајќи и пентхаус со фонтана, сала за вежбање, тушеви, продавница за грицки и тревници на кои луѓето можеле да играат бадминтон, одбојка и бејзбол.
- Надвор од работата, Дизни бил фасциниран од возови. Тој дури и изградил модел на воз на пареа и пруги во својата куќа во Холмби Хилс, Лос Анџелес.
- Во интервју од 1957 година Дизни изјавил дека се откажал од одморите и одреден период работел по 14 часа на ден.
- Но со текот на времето, кога се стабилизирал, Дизни и неговата сопруга оделе на патувања, крстосувања и посетувале одморалишта.
- Како што неговата компанија се проширувала и се развивала низ годините, тој не можел да не ја посети подолг период. „Луѓето ме прашуваат дали ја знам тајната за
успехот. Ме прашуваат како нивните соништа да станат реалност. Мојот одговор е - сето тоа се реализира со работење“, напишал во интервју за магазинот „Виздом“ во 1959 година.