X
 18.03.2023 Живот

Прекрасен колаж од фотографии го покажува десетдневното ретко усогласување на Венера и Јупитер

Во последните неколку недели имавме среќа да видиме релативно редок феномен на ноќното небо - Венера и Јупитер танцуваа на небото како да флертуваа.

Нивниот „бакнеж“ или усогласувањето се случи на 2 март и беше вистинско уживање за астрофотографите и набљудувачите на ѕвездите.

Индискиот фотограф Соумјадеп Мукереџе го снимил целиот процес во прекрасен колаж од фотографии.

Фотографот ги направил сите фотографии во сличен период од денот, помеѓу 18:10 и 18:20 часот.

1
Фото: Soumyadeep Mukherjee

Извор: Diyphotography.com
Фото: Soumyadeep Mukherjee
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот