X
 18.05.2019 Живот

Закони за благосостојбата на животните во земјите низ светот

Денес современото општество покажува силна и растечка загриженост за благосостојбата и заштитата на животните. Не само што се грижиме за нашите сакани домашни миленичиња, туку и стануваме посвесни за загрозените видови животни што треба да ги заштитиме за да не исчезнат.

Земјите низ светот имаат закони што ги штитат животните, нивните права и ја зголемуваат свеста на луѓето. Ова се некои од нив:

1. Нов Зеланд официјално призна дека животните се чувствителни

Нов Зеланд е лидер во полето на благосостојба на животните и нивна заштита. Стратегијата за благосостојба на животните во Нов Зеланд потврдува дека животните имаат чувства, па човек треба да се грижи за нивната болка, стрес и потреби. Освен тоа, забрането е какво било страдање на животното предизвикано или од малтретирање или од несоодветно чување, како и тестирање врз животните.

2. Во Вирџинија за кражба на куче следува затворска казна до 10 години


Во многу американски држави кучињата се сметаат за сопственост по закон, иако луѓето ги сметаат за семеен член. Затоа, кога некој ќе украде куче, во очите на законот тоа нема да биде киднапирање, но во Вирџинија крадењето на куче е престап што се казнува со затвор до 10 години без оглед на вредноста на кучето.

3. Во Полска секој што ќе најде напуштено куче или мачка мора да ја извести пожарната или полицијата

Ако најдете напуштено куче или мачка во Полска, веднаш известете ги овие органи. Освен тоа, комерцијалното одгледување мачки и кучиња е забрането.

4. Во Алјаска кога брачен пар се разведува, судијата одлучува кој ќе го земе животното

Во 2017 година Алјаска стана првата земја што направи промени во законот за развод. Сега, во случај на развод и законско разделување, животните се сметаат како деца: судијата одлучува кој ќе добие старателство.

5. Русија забрани суровост кон животните


Во 2019 година Русија направи голем чекор напред намалувајќи ја суровоста кон животните. Законот забранува борба на животни и чување на животни во барови и ресторани, како и убивање улични мачки и кучиња.



6. Во Холандија се плаќа годишен данок за кучињата


Холандија ќе стане првата земја каде што нема улични кучиња. Повеќето градови во Холандија имаат годишен данок за кучиња што се пресметува во зависност од тоа колку кучиња има секое домаќинство. Сите кучиња мора да бидат регистрирани во локалната општина. Данокот е поставен за луѓето да бидат уште поодговорни кога одлучуваат да чуваат куче.

7. Во Германија казната за убивање заштитено животно може да достигне 25.000 евра

И Германија се смета за земја што ги сака животните и носи одлични закони за нив. Казната за убивање заштитено животно може да достигне 25.000 евра. Бонус факт: и осите се заштитени во Германија бидејќи не прават никаква штета, а помагаат во чистењето на околината.

8. Во Велика Британија максималната казна за суровост кон животните ќе биде 5 години затвор


Велика Британија потврди дека максималната казна за суровост кон животните ќе се зголеми. Максималната парична казна ќе се искачи од 5.000 на 20.000, а за посериозни случаи, максималната затворска казна ќе се искачи од 2 на 5 години.

9. Во Торино сопственикот на куче може да добие казна ако го шета кучето помалку од трипати на ден

Италија е земја што ги сака животните, особено затоа што има многу закони што ги штитат животните. Но, еден град во Италија се издвојува поради овие закони. Во Торино сопствениците на кучиња што ги шетаат помалку од трипати на ден може да добијат казна од 500 евра. Освен тоа, љубителите на животни не смеат да го исфарбаат крзното на нивното милениче, ниту пак каква било форма на осакатување на животното.

10. Во Оклахома сопственикот на куче е целосно одговорен за какви
било повреди што може да ги предизвика неговото куче

Оклахома има сериозно строги закони во однос на касањето на кучињата. Ако човек е каснат или повреден од куче, има две години период да тужи. Сопственикот на кучето е одговорен за  какви било повреди што ги предизвикало неговото куче, дури и ако сопственикот не знае дека неговото куче би можело да изреагира така. Но, добрите вести се дека сопственикот може да се брани ако повредената личност го испровоцирала кучето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот