X
 18.05.2020 Технологија

Со онлајн „Демо ден“ заврши 2. акцелераторска програма на Сеавус

Со онлајн „Демо ден“, кој помина во одлична атмосфера, Сеавус Акцелераторот ја заврши втората акцелератоторска програма – насловена како Tech Boost Program, која Сеавус ја реализираше во партнерство со еден од водечките европски B2B Акцелератори – Startup Wise Guys.


По 10-неделна онлјан-програма, стартапите на „Сеавус Акцелератор“ имаа ексклузивна можност своите бизнис-идеи да ги претстават пред домашни и странски инвеститори, ментори и стартап-организации. Со тоа, партнерството со Startup Wise Guys годинава не само што сериозно го подигна квалитетот на програмата давајќи и интернационален карактер, туку обезбеди и многу поголема афирмација на нашите стартапи. Во таа насока е и нивното учество на престижната PODIM конференција на која ќе бидат дел заедно со повеќе од 1000 млади претприемачи од регионот, како и бројни инвеститори од целиот свет – изјавија од „Сеавус Акцелератор“.

„Сеавус Акцелератор“ е прв корпоративен акцелератор за поддршка на технолошки стартап компании. Проектот е помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, а оваа година оствари и партнерство со European Fund for Southeast Europe (EFSE) и Startup Wise Guys - водечки B2B стратап акцелератор во Европа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија