X
 18.05.2022 Живот

Претседателката на Молдавија патува со „Визер“

Таа оди енергично, носи бели патики и има аура на љубопитност и елан. Сето тоа за состанок со една од најеминентните личности во Европа, Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

Запознајте ја Маја Санду, 49. претседател на Молдавија.

Санду, која стапи на функцијата во 2020 година, стекна популарност поради имиџот кој ја одделува од сите други претседатели во светот. Нејзината претседателска кампања беше фокусирана на искоренување на сиромаштијата, борба против корупцијата и оживување на економијата на една од најсиромашните земји во Европа.

Светските лидери обично се придружени од еминентни лица и го прифаќаат луксузот што им е даден од нивната позиција на моќ. Но, Санду е сосема спротивно од тоа.

Во неодамнешна објава на „Линдин“, која стана вирална, се пишува за скромноста на Санду, за која се вели дека не патува со претседателски или приватен авион, ниту во бизнис-класа. Според објавата, претседателката на Молдавија патува со „Визер“.

Во објавата на претприемачот Василе Тофан се наведува дека Санду секогаш била економична со парите на даночните обврзници и дека патувала без голем публицитет и додава дека Санду дипломирала на „Харвард“.

- Во добри раце сме - завршува тој.



Извор: The Economic Times
Насловна фотографија: Linkedin
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот