X
 28.09.2017 Технологија

Револуциски чекор - робот-забар успешно вгради 3Д-печатени заби

забар
Фото: Profimedia

Се случи и тоа: робот првпат самостојно изврши оперативен зафат на пациент, успешно вградувајќи два тродимензионално испечатени заби во устата на пациентот.

Оперативниот зафат, кој сигурно ќе влезе во историјата, бил направен во кинеската провинција Шанкси. Иако луѓе хирурзи беа присутни за време на операцијата, немало потреба тие да интервенираат. Два нови 3Д-испечатени заби биле успешно вградени во устата на пациентот без нивна помош.

Хируршкиот зафат го извршил роботот развиен во Универзитетот „Беиханг“ во Пекинг и во Стоматолошката болница на Четвртиот воен здравствен универзитет. Роботот бил дизајниран за да може самостојно да изведува стоматолошки зафати и притоа да ги избегне грешките што ги прават луѓето. Роботот имал однапред програмирана низа на наредби за да ги вгради имплантите, меѓутоа, тој и успешно се приспособувал на движењата и на промените на положбата на телото на пациентот.

Причината поради која Кинезите одлучиле да развијат робот-стоматолог е недостигот на квалификувани стоматолози. Со сличен проблем се соочуваат и Хонг Конг и Сингапур. Се проценува дека само во Кина има 400 милиони пациенти на кои им се потребни нови заби.

Истражување врз роботската хирургија во Америка во 2015 година покажало дека 144 пациенти починале поради користење машини за медицински цели.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија