X
 18.07.2019 Живот

Преку овие прашања Бил Гејтс го мери успехот во животот

Сите имаме посебен начин за мерење на успехот. Сепак, начинот се менува како што старееме.

Бил Гејтс тоа го прави на крајот од годината со процена на неговиот приватен и работен живот - традиција за која вели дека ја почнал уште од детството.

Тој вели дека неговите процени денес, на 63-годишна возраст, се многу различни од оние кога имал 20 години.

- Тогаш процената на крајот од годината се состоеше само од едно прашање: „Дали софтверот на 'Мајкрософт' го реализира сонот за персоналните компјутери?“

Се разбира, Гејтс и понатаму го оценува квалитетот на неговата работа, но исто така си поставува уште неколку прашања во врска со приватниот живот.

- Би се смеел на овие прашања на 25-годишна возраст, но како што стареам, тие ми стануваат многу позначајни - вели тој.

Доколку немате свој показател за успех, вреди да си ги поставите прашањата што Гејтс си ги поставил на крајот од 2018 година:

1. Дали доволно му се посветив на семејството?


Парите можат да купат многу работи, но не можат да купат дополнителна минута во текот на денот. Дури и со зафатениот распоред Гејтс издвојува време за семејството. Заедно со сопругата гледаат серија, а додека беше извршен директор на „Мајкрософт“, Гејтс редовно ја носел ќерка си на училиште.

2. Дали научив доволно нови работи?


Иако Гејтс се откажал од „Харвард“ во 1975 година, и понатаму има неверојатна желба за учење. Како што изјави во една пригода, тој чита 50 книги секоја година.

- Сакам да посетувам интересни места, да се среќавам со научници и да гледам лекции на интернет. Но, читањето и понатаму е главниот начин на кој учам нови работи и го тестирам моето знаење - рече Гејтс.

3. Дали создадов нови пријателства и дали ги продлабочив старите?

Ворен Бафет имал улога во влијанието на ова прашање. Во 2017 година, во текот на сесијата „Прашај ме  што било“ на „Редит“, Гејтс одговори на прашањето: „Која е твојата идеја за успех?“, цитирајќи го неговиот пријател Ворен Бафет.

- Ворен Бафет секогаш вели дека најдоброто мерење на успехот е дали луѓето што ти се блиски се среќни и те сакаат - напишал Гејтс.

Во блог-пост од 2016 година Гејтс напишал: - Научив многу работи од Ворен во последните 25 години, но најважното нешто што го научив е за што е пријателството - треба да бидете пријател каков што ќе посакате.

Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот