X
 18.10.2018 Образование

Ова училиште ја замени казната со медитација - резултатите се феноменални

Што би направиле ако сте наставник во училиште и вашите деца почнат да се однесуваат несоодветно? Традиционално, наставниците би ги казниле или суспендирале, во зависност од ситуацијата.

Повеќето наставници не би ги дисциплинирале овие деца велејќи им да седнат и да медитираат, но оваа нова стратегија во основното училиште „Роберт В. Колман“ во Балтимор, Мериленд, се покажува како многу успешна.

Од почетокот на минатата година основното училиште не суспендирало ниту еден ученик. Новиот метод за справување со лошото однесување на децата дефинитивно функционира. Училиштето одлучи да се фокусира на медитацијата како на нов начин на казна за учениците.

Наместо да ги испратат децата да стојат надвор пред училница или да одат кај директорот секојпат кога ќе се немирни, тие се испраќаат во собата за „чувствителен момент“.

Во меѓувреме, средното училиште „Патерсон парк“ исто така користи ваква програма. Според училиштето, резултатите од овој нов метод покажуваат дека се намалени стапките на суспендирање, а се зголемени стапките на присуство на децата на часовите. Од започнувањето на новиот метод децата сакаат да одат на училиште.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование