X
 18.11.2017 Култура

Книги што ги препорачуваат врвните директори Гејтс, Безос, Кук...

Без сомнеж, ако сакате да напредувате, мора да прочитате што повеќе книги. Како што пишуваат странските медиуми, Бил Гејтс чита околу 50 книги годишно, а Марк Закерберг околу 24. „Победник“ во оваа конкуренција е Ворен Бафет, кој вели дека 80% од својот ден го „троши“ на читање.

Наскоро доаѓаат празниците, искористете го слободното време за да прочитате книги што ги препорачуваат некои од најуспешните луѓе во светот.

Препорака од Џеф Безос („Амазон“): „Остатоци од денот“ – Казуо Ишигуро (1990)

Казуо Ишигуро со врвна книжевна вештина отсликува еден свет што исчезнува низ судбината на човекот кој во остатоците од денот на еден меланхоличен начин зборува за трагиката на животот, неостварената љубов и должност, достоинството и верноста. Со фина иронија и без грам сарказам, Ишигуро мајсторски успева да го долови англискиот хумор, презирот кон американските новитети, но и размислувањата за верноста и посветеноста.

Препорака од Бил Гејтс („Мајкрософт“): „Срце“ – Мајлис де Керенгал (2016)

Гејст читал некнижевни дела, главно стручни, сè додека еден ден неговата сопруга Мелинда не му ја препорачала оваа книга. Таа му рекла: „Различна е од сите книги што досега си ги читал“. И многу му се допаднала на Бил.

Препорака од Тим Кук („Епл“): „Competing Against Time: How Time-Based Competition Is Reshaping Global Markets“ – George Stalk (2003)

Според пишувањето на странските медиуми, ова е најомилената книга на Кук, а многу примероци од неа им позајмувал на вработените и на колегите. Авторите опишуваат како паметното користење на времето може да направи значајна разлика помеѓу успехот и неуспехот. Дајте им на клиентите што сакаат и кога сакаат, или тоа ќе го направи вашата конкуренција.

Препорака од Сатја Надела („Мајкрософт“): „Dawn of the New Everything: Encounters With Reality and Virtual Reality“ – Jaron Lanier (2017)

Иако оваа книга ќе излезе од печат на 21 ноември, благодарение на примерокот што Надела го добил порано, сега имаме можност да ја читаме оваа препорака. Станува збор за многу топла човечка приказна за раѓањето на виртуелната реалност.

Препорака од Дру Хјустон („Дропбокс“): „Sam Walton: Made in America“ – Sam Walton (1993)

Неприкосновениот крал на трговијата на доцниот 20 век, Сем Волтон, го споделува своето мислење за градењето на царството „Волмарт“ и тоа на искрен и отворен начин, користејќи секојдневен речник.

Препорака од Индра Нуи („Пепсико“): „The Road to Character“ – David Brooks (2016)

Ова е една од најдобрите и највлијателните книги во 2016 година според пишувањата на медиумите. Нуи и самата истакнала дека оваа книга ја инспирирала да размислува за себе и да се преиспитува, или како што вели „градењето на карактерот е исто толку важно колку и градењето на кариерата“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура