X
 19.02.2016 Образование

Зошто планинарењето треба да биде дел од училишното образование?

Сетете се на тагата кога нашите мајки нè повикуваа назад дома по целодневно играње надвор. Следниот ден, повторно се собиравме надвор и игравме цел ден. Бевме деца и немавме паметни телефони, но имавме детство. Денес, со илјадници пријатели на социјалните мрежи, децата никогаш не се чувствувале поосамени. Зошто децата треба да се поттикнат на планинарење или слични активности на училиште и од страна на родителите? 

На планина сите се еднакви


Таму нема место за статусни симболи. По престој во природа, пријателствата не се мерат според телефони, туку според тоа кој кому пружил рака кога требал да премине преку камен.

Другарските врски стануваат нераскинливи

Сетете се на чувството на приврзаност кога првиот пат во училишниот двор ни пришол пријател и ни понудил ужинка. Тоа чувство на радост е уште посилно кај децата среде планина кога се дели храната и водата и се поминува низ истиот напор за да се стигне до целта.

Децата ќе научат да се соочуваат со пречките во животот

Кога со ранци на грбовите тие ги поминуваат своите физички граници за успешни да стигна до целта, истиот „шаблон“ ќе знаат и да го применат и во животот. Како што планинарските предизвици стануваат потешки, така и тие ќе успеваат во надминувањето на животните предизвици.

Ќе станат поодговорни

Планинарењето бара дисциплина, како на телото, така и на умот. Наместо за викенди да спијат до пладне, тие ќе научат да стануваат рано и да го искористат целиот ден корисно.

Ќе бидат поздрави

Планинарењето е една од најздравите физички активности, а згора на тоа се одвива во природа. Со планинарењето може да се потроши од 350 до 800 калории на час.

Ќе стане поснаодливо

Со многубројните предизвици, детето ќе научи да се снаоѓа во неочекувани ситуации и ќе научи да се ориентира во природа. Освен тоа, со ова ќе се подигне и свеста за зачувување на природата кај детето.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование