X
 19.02.2024 Образование

Онлајн уписи во „Бибиверзум“ - „Вовед во математика“ и „Читаме и пишуваме“

„Светот на Биби“ во рамките на едукативниот центар „Бибиверзум“ овозможува онлајн курсеви: Вовед во математика и Читаме и пишуваме.
Од 5 март почнуваат новите кратки онлајн курсеви со Биби и Боби. Пополнете ја формата за пријавување доколку сте заинтересирани за следење.

Опис на онлајн курсевите:

Вовед во математика - 8 часа/двапати неделно/цена за целиот курс: 1.300 денари
Онлајн курс преку кој децата се запознаваат со препознавање на броевите, броење, одредување број на група предмети, препознавање на редоследот на појави или предмети, споредување на броеви, споредување на големина, препознавање на 2Д и 3Д-форми, групирање според карактеристики, собирање и одземање до 10.
Програмата трае 8 часа и се одржува двапати неделно, вторник и четврток од 18:30 до 19:00 часот. Програмата е наменета за деца од 4 до 6 години.
Курсот започнува на 5.3.2024 год.

Читаме и пишуваме - 8 часа/двапати неделно/цена за целиот курс: 1.300 денари
Онлајн курс кој ќе им овозможи на децата да се запознаат со пишувањето на буквите и читањето. За да се вклучи детето на овој курс, потребно е да ги препознава буквите од азбуката. Програмата трае 8 часа и ќе се одржува двапати неделно, вторник и четврток од 17:30 до 18:00 часот. Програмата е наменета за деца над 5 години.
Курсот започнува на 5.3.2024 год.

Пријавувањето за онлајн курсевите е најдоцна до 3.3.2024 година.
За повеќе информации, контактирајте нè на следниов број 078209569



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование