Дали би сакале да ги испратите вашите деца на летен камп организиран од Google, National Geographic, НАСА и Академијата Кан?
Доколку се грижите за далечината и за тоа како децата ќе поминат по пат, нема потреба. На овој летен камп вашите деца можат да присуствуваат од удобноста на нивните домови. Плус тоа, кампот е бесплатен, отворен и достапен за секого. Дури и не треба да се регистрирате ниту да имате сметка на Google. Потребно е само да одите на страната на
Camp Google за да започнете.
Камп Google е 4 неделен онлајн летен камп за деца. Секоја недела се одржуваат „теренски патувања“ како и научни активности кои се фокусираат на одредена тема, како на пример океаните, просторот, природата и музиката. На крајот на секоја недела, децата можат да заработат значки за активностите што ги одржуваат.
Во текот на првата недела, децата ќе следат како тим на National Geographic ќе се нурне во близина на Атлантскиот брег за да научат за живеалиштата и подводниот див свет, како и остатоците од еден брод. Другите активности за Океанската недела вклучуваат учење за пловењето - зошто некои работи пловат, а некои потонуваат, и ќе откријат како делфините го користат звукот за да гледаат под вода.
Сите активности на кампот се дизајнирани за деца од 7 до 10 години, но со надзор можат да се вклучат дури и помладите деца. Ако пропуштите некоја недела, можете да продолжите онаму кадешто сте застанале.
Целта на овој камп е да ги натера децата да истражуваат и да ги заинтересираат во светот околу нив, како и да откријат некои од одговорите на тешките прашања кои децата сакаат да ги прашуваат - Како изгледа звукот? Што живее во мојот двор? Што астронаутите јадат во вселената? итн.