X
 19.12.2018 Живот

Градот што веќе покажува каков би бил животот во свет погоден од климатските промени

Станува сѐ појасно дека климатските промени се многу реални и веќе ги гледаме нивните ефекти.

Извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени објаснува дека дури само половина степен пораст на светската температура ќе резултира со тешки, катастрофални последици.

Половина степен ќе предизвика уште поголема веројатност регионите склони кон суша да доживеат тешка суша, а областите склони кон топлински бранови и интензивни урагани да се соочат со уште повеќе вакви катастрофи.

dubai
Фото: Concept illustration of 'The Boulevard' (Dubai Holdings)

Овие фактори би можеле да предизвикаат огромна миграција на луѓе и масовно исчезнување на животните.

Накратко, климата ќе стане полоша за поднесување, особено местата што веќе се ранливи на високи температури.

Тешката клима во Дубаи и адаптацијата на неа се одличен показател за тоа како би изгледала климата врз која би влијаеле сериозните ефекти од климатските промени. За време на долгото лето во Дубаи, кое се протега од средината на април до октомври, температурите го прават престојот на отворено навистина неподнослив. Температурите редовно се движат околу 41 Целзиусов степен и се искачуваат до 48 Целзиусови степени, а притоа се проследени со голема влажност.

Приспособувањето на градот кон таа клима? Пролиферација на меѓусебно поврзани климатски контролирани простории, вклучувајќи и повеќе од 65 трговски центри, станбени и деловни објекти со целосно затворени градови, метро и паркинзи. За богатите Емирати и богатите иселеници и не е баш голем проблем бидејќи тие ретко излегуваат надвор во текот на летото. Во меѓувреме, за стотици илјади работници мигранти во Дубаи кои немаат доволно среќа да живеат во климатизирани мегакомплекси, Дубаи е пеколен пејзаж во текот на летото - исто како што би можела климата да биде за земјите во развој кои ќе бидат најтешко погодени од ефектите од климатските промени.

Ако треба да погодите кон каде се движи нашиот хиперпотрошувачки свет доколку не може да дејствува заедно и да се избори против климатските промени, може да се каже дека во иднина ќе изгледа многу слично на Дубаи. А Дубаи ќе мора да продолжи да се приспособува на својата екстремна клима. Агенцијата за животна средина во Абу Даби минатата година откри дека доколку се случи најлошото сценарио поврзано со климатските промени, речиси целиот Дубаи ќе биде под вода поради зголемувањето на нивото на морето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот