X
 20.01.2022 Спорт

Откриено колку тенисери освен Ѓоковиќ не се вакцинирани

Англискиот весник „Телеграф“ истражил колку тенисери и тенисерки на „АТП Тур“ не се вакцинирани откако случајот со Новак Ѓоковиќ го актуализирал прашањето.

Според најновите податоци, повикувајќи се на машката професионална организација АТП, не е вакциниран само еден играч од моментално најдобрите 100 тенисери во светот, освен Ѓоковиќ. Станува збор за американецот Тенис Сендгрен (30).

Уште една тенисерка на листата на најдобритте 100 тенисерки не е вакцинирана, но не е познато името и не се знае дали таа настапува на Отвореното тениско првенство на Австралија.

Статусот на Сендгрен бил познат од почетокот на годината, откако јавно се откажал од настапот на турнирот во Австралија поради барањето за задолжителна вакцинација. За разлика од Ѓоковиќ, тој не се пријавил за исклучок бидејќи не исполнувал ниту еден критериум, според негова изјава.

Како што веќе е познато, доколку Ѓоковиќ не се вакцинира против коронавирусот, оваа година веројатно нема да може да игра на ниту еден голем турнир.

Извор: Klix
Фото: Novak Djokovic
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт