X
 20.02.2020 Образование

70-годишен професор по физика не престанува со лудите експерименти

Дали го паметите вашиот омилен професор? Големи се шансите дека не сте го сакале заради предметот, туку заради неговиот однос и методите на предавање.

Ерика, студентка по физика, неодамна објави видео на „Твитер“ во кое го претставува нејзиниот омилен професор - физичарот Дејвид Рајт. Снимката ја покажува посветеноста на професорот од колеџот „Тајдватер“ во Вирџинија, а од неа може да се види и колку во сето тоа уживаат студентите.

- Треба да го видите ова видео со сите луди работи што ги направи мојот професор по физика овој семестар. Тој е во своите 70-ти години и сѐ уште го прави сето ова за нас - пишува Ерика.




Откако дознал дека Ерика ги споила неговите експерименти во видео, професорот ѝ одговорил преку електронска пошта.

- Ти благодарам што го сподели ова со мене. Семестарот беше прекрасен бидејќи имав прекрасни студенти - напишал тој.


Автор: Ема Тагарт
Извор: Mymodernmet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование