X
 20.03.2019 Технологија

За ширење лажни вести на интернет, Русите ќе мора да платат 5.370 евра

Претседателот Владимир Путин потпишал нови построги казни за Русите кои, според мислењето на властите, шират лажни вести и на интернет искажуваат „бесрамно непочитување“ кон државата.

Критичарите предупредуваат дека новиот закон би можел да создаде механизам за државна цензура, но парламентарците тврдат дека новите методи се неопходни во борбата против лажните вести и навредливите онлајн-коментари.

Новиот закон ќе им овозможи на властите да ги блокираат интернет-страниците доколку креаторите не ги исполнат барањата за отстранување информации што државата смета дека се фактички неточни.

Според новиот закон, поединците би можеле да бидат казнети со парична казна до 400.00 рубљи (5.370 евра) за циркулирање на лажни информации на интернет, што доведува до масовно кршење на јавниот ред.

Луѓето кои кон државата, јавноста, руското знаме и уставот на интернет ќе покажат „бесрамно непочитување“, ќе се соочат со парична казна до 100.000 рубљи (1.367 евра) според новиот закон. Престапниците што ќе го повторат делото би можеле да се соочат со затворска казна од 15 дена.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија