X
 20.05.2020 Образование

Адеми: Нема полагање испити со физичко присуство на студентите без одлука од Влада

Факултетите нема да може да организираат полагање на испити во јунската сесија со физичко присуство на студентите без одобрение од Владата, по препорака од Комисијата за заразни болести. Ова прашање беше начнато на денешната прес-конференција на министерот за образование и наука, Арбер Адеми, откако Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ извести дека се продолжени јунската и септемвриската сесија, а факултетите ќе можат да ги организираат испитите со физичко присуство на студентите.

- Во вонреднава ситуација Владата донесе посебни уредби за одвивање на образовниот просец од далечина, во сите нивоа на образованието. Тие се на сила и во овој момент. Ако се организира полагање на испити со физичко присуство на студентите, прво мора да се донесе уредба од Владата по препорака од Комисијата за заразни болести и да се одреди соодветен протокл кој ќе мора да се почитува – рече Адеми.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование