Во светот постојат професии што ретко кој би се осмелил да ги работи, без разлика дали тоа е поради опасност или поради непријатни услови. Една од нив е работата на техничар за висински работи кој се грижи за кулата „KVLY-TV“, една од највисоките градби во светот.
Според објавата на инстаграм-страницата „Занимливости“, оваа кула се наоѓа во Бланчард, Северна Дакота (САД), и е висока дури 629 метри.
Овие техничари, познати како „качувачи на кули“, извршуваат рутински инспекции и менуваат светилки на самиот врв на кулата, што е од клучно значење за безбедноста на воздушниот сообраќај. Вакво качување бара исклучителна физичка подготвеност, техничко знаење и строго почитување на безбедносните протоколи.
Сосема природно, за ваква одговорна и напорна работа следува и соодветна парична надомест. Просечната годишна плата за вакви работници во САД изнесува околу 78.160 долари, но варира во зависност од искуството и конкретните задачи.
Човекот прикажан на фотографијата се искачува двапати годишно до 457 метри од кулата, и тоа само за да ја замени светилката. За секое качување добива 20.000 долари. Кулата е изградена во 1963 година и долго време беше највисока градба во светот.
Од оваа кула се емитува телевизиски сигнал за станицата „KVLY-TV“ (Канал 11), покривајќи површина од приближно 78.000 квадратни километри.
Извор:
Telegraf.rs
Фото:
Screenshot/Instagram