X
 16.04.2019 Култура

Неколку помалку познати факти за катедралата Нотр Дам

Изградена помеѓу 12 и 14 век, Нотр Дам во Париз има вековна француска историја вградена во својот камен. Готичката катедрала ја одразува истакнатата улога на Париз како економски и духовен центар во 12 век, а нејзините лузни од Француската револуција се потсетници на долгата врска со монархијата - врска што речиси резултирала со нејзино уривање. Илјадници туристи секојдневно влегуваат во оваа катедрала за да ги фотографираат нејзините розови прозорци.

Ова се помалку познати факти за Нотр Дам.

1. Катедралата била изградена над остатоци од храм

Градот над кој сега стои Нотр Дам во Париз некогаш бил гало-римски град познат како Лутетија. Катедралата веројатно била изградена над остатоците од храмот: околу 1710 година биле откриени парчиња од извајан олтар посветен на Јупитер и други божества. Дополнителните архитектонски рушевини пронајдени во 60-тите и 70-тите години датираат од оваа античка ера.

2. На нејзината фасада има рециклирана архитектура

На западната фасада има три портали, секој со светци и свети сцени. Сепак, еден не се вклопува - порталот на св. Ана има стил што датира од многу поодамна за разлика од останатите. Нејзините фигури, како што се Богородица и бебето, изгледаат поцврсто во нивните пози и помалку природни во нивните карактеристики во споредба со другите статуи. Тоа е затоа што оваа област на декорација била рециклирана од претходна романска црква. Испитување од 1969 година открило дека првично не било направено за тој простор од црквата, така што било приспособено да се вклопи во готската структура.

3. Постои „шума“ на нејзиниот покрив

Катедралата ја има една од најстарите преживеани дрвени рамки во Париз, за која биле потребни 21 хектар дрвја што биле исечени во 12 век. Секоја греда била направена од едно дрво. Поради оваа причина, решетката од историската дограма е наречена „Шума“.

4. Нејзините готски потпорници се историски познати

Катедралата била една од најраните структури изградени од надворешни потпорници. Тие биле конструирани во 12 век за да дадат поддршка на тенките ѕидови, по потребата за поголема светлина во црквата. Овие потпорници станале иконски аспект на готскиот дизајн иако постои дебата дали Нотр Дам била првата црква што ги имала.

5. 28 крала ги изгубиле главите во Француската револуција во катедралата

Во 1793 година, во средината на Француската револуција, 28 статуи на библиски кралеви биле симнати со јажиња и обезглавени од толпата.

6. Кулите не се исти


Фото: Pixabay

На прв поглед, двете кули на Нотр Дам изгледаат како близначки. Но, ако ги набљудувате од поблиску, северната кула изгледа малку поголема од јужната. Што се однесува до елементите на катедралата, тие биле изградени со текот на времето и ја одразуваат катедралата повеќе како колаж на архитектонски трендови и лидерство отколку кулминација на визијата на едно лице.

7. Нејзините ѕвона еднаш биле стопени за артилерија

Кралевите не биле единствен уништен дел од Нотр Дам за време на Француската револуција. Катедралата, како и другите цркви низ Франција, била трансформирана во доцниот 18 век. Сите нејзини 20 ѕвона, освен ѕвоното наречено Емануел, биле отстранети и стопени за да се направат топови. Во 2013 година нов ансамбл на ѕвона го врати звукот од 17 век, заедно со Емануел. Овие ѕвона и ден-денес ѕвонат за специјални пригоди.

8. Наполеон и Виктор Иго ја спасиле

Кога Наполеон Бонапарта одлучил крунисувањето да биде во Нотр Дам, зградата била во лоша состојба. Таа со векови се распаѓала како што градот се развивал и се менувал околу неа, а вандализмот на Француската револуција ја оставил на работ на уривање. Со години се користела како магацин. Кога Наполеон го прогласил нејзиното враќање како црква и приредил голема церемонија на која бил крунисан, тоа ги вратило животот и важноста на Нотр Дам.

Сепак, крунисувањето не го поправиле структурното влошување. Подоцна, авторот Виктор Иго ја искористил зградата како персонификација на самата Франција во својот роман од 1831 година.

Книгата доживеала огромен успех, па успехот довел до голема реставрација надгледувана од архитектите Жан Батист Антоан Ласус и Јуџин Виолет ле Дук.


Фото: Pixabay

9. Нејзините чудовишта се модерни, а не средновековни

Некои од најпопуларните слики на Нотр Дам се од гледна точка на статуите. Статуите биле додадени помеѓу 1843 и 1864 година за време на радикалната реставрација од архитектите Жан Батист Антоан Ласус и Јуџин Виолет ле Дук.

10. Нејзиниот врв бил свет громобран

Ако погледнете слика од катедралата пред огнот, ќе забележите петел на врвот. Овој петел не бил ставен само за декорација. Во 1935 година биле ставени три делчиња од мошти од трите градски светци во телото на металната птица. Идејата била да се создаде еден вид духовен громобран за да ги штити парохјаните.

11. Оргулите се сметаат за едни од најголемите во Франција


Оргулите на Нотр Дам вклучуваат речиси 8.000 цевки (некои од нив датираат од 18 век), а може да се свири на пет клавијатури, со што тие се едни од најголемите оргули во Франција.

12. Сите патишта водат до Нотр Дам


Фото: Pixabay

Најчесто занемарено од толпата туристи, на калдрмата има тркало со златна ѕвезда на кое пишува: „Сите патишта водат до Нотр Дам“. Тоа е точка од која се мери растојанието од Париз до другите градови во Франција. Била поставена во 1924 година.

13. На покривот живеат пчели

На покривот на Нотр Дам има мала кошница со пчели. Била поставена во 2013 година од монахот Адам. Нивниот мед е направен од цветните растенија во околните градини, а подоцна медот им се раздава на сиромашните.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура