X
 20.08.2018 Образование

Бесплатно студирање медицина во Њујорк

За просечна годишна школарина од 55.000 долари, многу студенти кои ќе се запишат на Медицинската школа при Њујоршкиот универзитет потоа имаат успешна кариера со висока плата со која би можеле да ги исплатат нивните заеми од 200 до 400 илјади долари.

Имајќи го предвид тоа, Универзитетот реши да ги ослободи студентите од плаќање школарина, без разлика на нивните потреби. Одлуката беше објавена на церемонијата на која секој студент добива бел мантил, со што се означува почетокот на нивното патување.

-Горд сум да најавам дека отсега секој студент кој ќе го примиме ќе биде ослободен од школарина - истакна Кенет Лангони, претседател на бордот на управници.

Фото: BigThnik

Можно е и други престижни медицински школи во САД да го следат овој потег за да бидат конкурентни, но засега ова е единственото. Планот е да се покрие стандардната школарина од околу 55.000 долари годишно, но не и сместувањето, храната или други такси, кои во просек чинат 27.000 долари годишно.

За да ја покрие школарината, универзитетот собрал три четвртини од околу 600 милиони долари кои се очекува дека ќе бидат потребни. Парите биле собрани од приватни донации и грантови.

Тројца од четворица студенти по медицина кои дипломирале во 2017 година, биле во долгови кои обично изнесувале околу 200.000 долари. Ова може да е еден од факторите поради кои студентите кои студираат медицина се самоубиваат. Баш тие студенти е три пати поверојатно да се самоубијат од другото население на нивна возраст, а долговите може да се една причина.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование